Во продавниците во Велес цената на маслото за јадење поевтини за 13%. Маслата "Кристал" и "Брилијант" од 70 денари сега се продаваат по цена од 68 денари. Во просек цената е намалена за 10 денари. Литар масло за јадење од увоз од соседна Србија и од Босна и Херцеговина кои исто ги намалија цените, се продава од 71 до 73 денари за литар. Производителите фабриката за масло Благој Ѓорев" од Велес и Брилијант" од Штип велат дека намалувањето на цената на суровото масло на светските пазар се должи на богатиот род на сончоглед во соседните земји, кој доведе до значително намалување на цената на суровото масло. Веќе неколку дена маслото за јадење го продаваме по намалена цена. Засега нема зголемена потрошувачка. Меѓутоа, очекуваме потрошувачката да се зголеми во септември, бидејќи тоа е месец на подготвување на зимница - истакнуваат од продавниците...
Во продавниците во Велес цената на маслото за јадење поевтини за 13%. Маслата "Кристал" и "Брилијант" од 70 денари сега се продаваат по цена од 68 денари. Во просек цената е намалена за 10 денари.
Литар масло за јадење од увоз од соседна Србија и од Босна и Херцеговина кои исто ги намалија цените, се продава од 71 до 73 денари за литар. Производителите фабриката за масло Благој Ѓорев" од Велес и Брилијант" од Штип велат дека намалувањето на цената на суровото масло на светските пазар се должи на богатиот род на сончоглед во соседните земји, кој доведе до значително намалување на цената на суровото масло.
- Веќе неколку дена маслото за јадење го продаваме по намалена цена. Засега нема зголемена потрошувачка. Меѓутоа, очекуваме потрошувачката да се зголеми во септември, бидејќи тоа е месец на подготвување на зимница - истакнуваат од продавниците.
Жителите на Велес велат дека намалувањето на цената на маслото за јадење позитивно ќе се одрази на стандардот на граѓаните зашто не е мала работа овој прехранбен артикал да биде поевтин за десет денари.